2-во-1 Електричен Аспиратор со Распрскувач
Уморни сте од традиционалниот метод за чистење на носето на вашето малечко кој бара посебен спреј за прво омекнување на слузта? Пробајте го исклучително практичниот 2-во-1 назален аспиратор со распрскувач на Haakaa! Вградената функција за прскање нежно ја омекнува тврдокорната слуз со спреј и автоматски запира во рок од 10 секунди од стартувањето за побезбедна употреба. Со нежно, но ефикасно извлекување (ниво 5 – приближно, 65 kPa) и ултра меки силиконски врвови, совршено е безбеден за нежни мали носиња. LED дисплејот ви помага лесно да менувате помеѓу 5 нивоа на извлекување, а смирувачките светла и веселите мелодии за деца помагаат вашето бебе да остане мирно и соработливо. Тивката работа значи дека нема гласен шум или ненадејни звуци. Дизајниран за ракување со една рака и лесна преносливост, дури има и долготрајна батерија што може да се полни и кабел за повторна употреба. Овој аспиратор лесно се расклопува за чистење без стрес и вклучува четка за да го одржувате секој дел темелно чист, што го прави идеален за зафатени родители во движење!
- 2-во-1 електричен назален аспиратор за бебиња + распрскувач: Спрејот ќе ги омекне дури и сувите, тврдоглави носни секрети, правејќи ги доволно меки за нежно да се извлечат. Потоа, со нежно, ефикасно извлекување, удобно ќе го отпушите носот на бебето и ќе го вратите лесното дишење. Одобрен од FDA за безбедност на болничко ниво и целосен мир.
- Омекнете и исчистете ја слузта во еден чекор – Безбедност одобрена од FDA: Користи ултрафин спреј за нежно да ја омекне густата или крцкава слуз и да ги навлажни сувите, иритирани носни патишта, така што вашето бебе ќе почувствува олеснување пред да започне вшмукувањето.
- Прилагодливо, нежно вшмукување – Безбедност на болничко ниво: Со 5 прилагодливи нивоа на вшмукување и паметна функција за автоматско исклучување на прскањето од 10 секунди.
- Смирувачка музика и светла за нега без стрес: Светлото и смирувачките мелодии ја претвораат негата на носот во забавна рутина, помагајќи да се одвлече вниманието и смири вашето бебе за полесна употреба без солзи.
PeriCleanse – Шише за Миење
Чистењето во деновите и неделите по породувањето може да биде непријатно, но шишето Haakaa PeriCleanse го прави полесно и понежно. Дизајнирано да ви помогне да го измиете перинеалниот дел без иритација, ова шише ви овозможува да чистите без грубоста на тоалетната хартија, намалувајќи го ризикот од непријатност, влечење конци или иритација на чувствителна кожа.
Ергономски обликуваното шише има аголен излив и извлечен врат, нудејќи целно чистење за максимална удобност. Дизајнот што може да се стисне ви овозможува да го контролирате протокот на вода, давајќи ви совршено ниво на притисок за смирувачко олеснување. Со капацитет од 500 мл, нема да мора да се грижите дека ќе ви снема вода за време на употреба.
За дополнителна погодност, доаѓа со капаче отпорно на прашина и дискретна, водоотпорна патна торба, што го олеснува носењето каде и да одите. Освен за постпартална нега, може да се користи и како мини преносно биде за време на менструација или кога ви е потребно нежно чистење.
Материјал:
- Шише за перинеална миење: ПП, силикон
- Водоотпорна патна торба: Полиестерска ткаенина
Димензии:
- Шише за перинеална миење: 72 x 72 x 340 мм
- Водоотпорна патна торба: 137 x 250 мм
Капацитет: 500 мл
Нето тежина: 57,9 г
SqueezieDOSE – Сет Диспензери за Давање Лек и Храна
Нахранете го вашето малечко со течности и давајте му лекови безбедно и лесно со сетот SqueezieDOSE од Haakaa! Уникатниот дизајн со топчаста форма е одлична алтернатива на традиционалните тврди пластични шприцеви. Ви овозможува да го користите со една рака, давајќи ви лесна контрола врз брзината на проток со едноставно стискање. Дизајниран за лесно мерење, полнење и хранење, од 100% медицински силикон SqueezieDOSE има јасни мерни единици кои се лесни за читање без разлика на кој начин го држите, а широката основа дава дополнителна стабилност на рамни површини. Уште повеќе, се расклопува без никакви проблеми, што го прави чистењето лесно. За употреба, само стиснете ја за да се наполни, а потоа нежно стиснете повторно за да ја контролирате брзината на проток за едноставно и удобно дозирање на течности! Овој комплет доаѓа со два заменливи додатоци на шприцот за да одговараат на потребите на вашето дете.
- Лесно ракување со една рака – едноставно стиснете за да наполните и контролирајте ја брзината на проток.
- Мекиот штит на врвот обезбедува удобно хранење без задушување.
- Мек и безбеден 100% силикон од медицински квалитет.
- Безбедно во машини за миење садови, стерилизатори и врела вода – едноставно одвојте го за чистење.
Аспиратор за Нос
Haakaa силиконкскиот аспиратор за нос е наједноставниот начин да го исчистите затнатиот нос на вашето малечко! 🤧
Направен од супер-мек, хипоалергенски медицински силикон, го вшмукува тврдоглавиот секрет со нежно стискање, чистејќи ги дишните патишта на вашето бебе и помагајќи му полесно да дише.
Аспираторот е составен од два дела, едноставен за користење и чист, без пластични делови – што значи дека е отпорен на растот на бактерии и мувла. Проѕирен за да се види колку слуз е собрана, плус е супер лесен. Пренослив е и совршен за секакви итни случаи кога сте излезени!
Аспираторот вклучува два врва со различна големина за да го користите за вашето дете како расте.
Крактиот врв е совршен за носиња до 12 месеци, а подолгиот врв е за 12+ месеци.
Глодалка – Круна
Вашето малечко заслужува кралски третман со Haakaa силиконската Глодалка Круна! Направена од 100% прехранбен силикон, оваа скапоцена круна е хипоалергенска и не впива надворешни материи што значи дека е соврешно безбедна за вашата принцеза или принц.
Глодалката Круна е многу мега и флексибилна, со форма и големина која е лесна за малите рачиња да ја држат. Испакнатата површина ќе помогне со болката при никнување нови запчиња, но исто така ќе помогне со развој на моториката и сетилата.
Димензии: 10,8×5 см дијаметар
Мултинаменска Торба за Стерилизација
Кој вели дека ви требаат големи, гломазни, скапи системи за стерилизација? Наместо тоа, тука е повеќенаменската торба за пареа и стерилизација Haakaa, едноставен и практичен начин за стерилизирање на сите мали предмети на вашето бебе.
Изработена од силикон за повеќекратна употреба, нетоксичен, погоден за храна, оваа торба е лесна за употреба. Само ставете малку вода на дното, додадете ги измиените предмети за стерилизирање, затворете го горниот дел, а потоа ставете ја во микробрановата печка!
Дури вклучивме и практичен водич за стерилизација за да можете да пресметате колку долго ќе треба да ја поставите вашата микробранова печка. Лесна и компактна, можете да ја користите дури и додека патувате – сè што ви треба е микробранова печка!
Пингвин – Двоен Шприц за Лек и Храна
Нахранете го вашето бебе прецизни количини на течности, кашички или лекови со Двоен Шприц за Хранење и Лек Пингвин!
Шприцот има три различни начини за мерење на вашите дози, што го прави практичен, но и симпатичен. Двата меки силиконски врвови од медицински квалитет се дизајнирани да одговараат на различни потреби, што го прави неверојатно разновиден. Врвот со двоен отвор е идеален за хранење поретки течности на помлади бебиња, бидејќи отворите ја насочуваат течноста во нивните образи, а не во грлото, спречувајќи задушување и плукање. Лажичката за хранење од друга страна е совршена за сè, од поретки течности до подебели шприцеви. Отворот во облик на X ви овозможува лесно да го контролирате протокот на храна врз плитката лажица за лесно хранење.
Овој сет вклучува и мерна чаша за брзо и прецизно подготвување течности и наменска четка за чистење за да го вратите вашиот шприц во беспрекорно чиста состојба!
Шприц за давање лек
Дали имате болно, уморно и кенкаво бебенце? Лесно дајте му го лекот на вашето малечко со Haakaa шприцот за орално хранење!
Шприцот е совршен начин да се администрира млеко, течност или поголеми количество на лек на уреден начин. Погодно и за предвремено родени бебиња! Двојните аголни отвори на цуцлата го распрснуваат лекот странично и рамномерно во устата на вашето дете наместо само во задниот дел на грлото како обичен шприц, што значително го намалува ризикот од гушење!
Кога го храните бебето со традиционален шприц тврдиот врв може да ја оштети деликатната уста на вашето бебе. Haakaa шприцот за орално хранење ги олеснува работите со тоа што има мек силиконски врв кој бебето може да го цица.
Шприцот ги мери течностите во единици од 5 мл. Доколку треба да дадете помала доза препорачуваме да измерите во друг шприц па да ја префрлите течноста во Haakaa шприцот.
Четка за Заби за Прст
Започнете ги оралните хигиенски навики на вашето малечко со Haakaa четката за заби за прст! Специјално е дизајнирана да всади позитивни и важни навики за дентална хигиена кај вашето дете уште од рана возраст.
Нашата четка е направена од 100% супер мек силикон и го навикнува вашето дете на чувството на миење заби, така што четкањето ќе стане забавен и суштински дел од секојдневниот живот. Се одликува со две различни површини – мек силикон и поцврсти силиконски навртки – за да се овозможат повеќе опции за чистење и смирување на деликатните нови запчиња и непце.
Четка за заби 360°
Haakaa силиконската четка за заби 360° е дизајнирана да му овозможи на вашето малечко темелно и ефективно чистење на забите и непцата. Меките силиконски влакна чистат 360°, отстранувајќи повеќе наслаги од обичните детски четки за заби!
Нашата четка за заби 360° е направена од мек 100% прехранбен силикон и е потполно безбедна за бебиња, масирајќи ги и чистејќи ги нивните нежни нови непца и запчиња. Исто така е со лепливото дно и нема да паѓа. Тоа е совршена четка за започнување на грижата за забите на вашето дете и одличен начин да ги поттикнете да ги четкаат и всадат добрите забни хигиенски навики уште од мали нозе.
Глодалка – Топка
Силиконската глодалка топка на Haakaa е совршена алатка при никнување првите забчиња. Лесна за држење, мека и силиконска – доволно тенка за да се вклопи во устата на вашето бебе. Исто така може да ја ставите во замрзнувач за да обезбедите дополнително олеснување и ладење на болно непце!
Нашата специјално дизајнирана топка за заби е без BPA, одобрена од FDA и направена од еластичен прехранбен силикон. Силиконот е хипоалергичен и непорозен материјал, што го прави безбеден за никнување на забите. Дизајнот со нерамна површина помага да се развијат моторните вештини на вашето бебе, истовремено обезбедувајќи безбедно, смирувачко дејство.
Димензии: прибл. 10см дијаметар
Силиконска Четка за Коса
Haakaa силиконската четка за коса е совршена мултифункционална алатка која помага да се грижите за вашето малечко додека го бањате, а и после тоа!
Направена од многу мек силикон, нежна дури и за најчувствителната кожа – може да се користи за чистење на вашето тело, миење на косата, како релаксирачки масажер за скалпот или како четка за коса за внимателно отплеткување на прамените. Исто така, неверојатно добро помага со корупчињата на главата на бебчето!
Всушност, оваа четка е толку разновидна што можете дури и да ја користите низ куќата како четка за чистење кога веќе нема да ви биде потребна за нега на вашето бебе.
Четка за Коса од Козјо Влакно
Четкајте ја и негувајте ја нежната коса на вашето малечко со Haakaa четката за коса од козја волна. Четкањето на косата на вашето бебе има големи придобивки за нивната благосостојба, а со нашата еколошка четка од 100% природно дрво, можете да го одржите скалпот стимулиран, а исто така помага да се спречи создавање на корупки, да се генерира проток на крв и да се отстрани исушената кожа.
Ве молиме запомнете: со текот на времето јаворовото дрво на четката природно може да лачи масло, што може да остави жолти траги на производот поради оксидација. Ова е нетоксично, безопасно и влијае само на четката. За да го забавите овој процес, ве молиме чувајте го производот на ладно и суво место, надвор од влажност.
Електрична Турпија
Haakaa сетот за нега на нокти ви овозможува безбедно да ги скратите ноктите на вашето бебе без потреба од остри ножици или машинки! Нашиот мал апарат го елиминира ризикот од гребнување на кожата на вашето дете.
Електричната турпија има две насоки на ротација и брзини за да одговараат на вашите потреби. Тивка е и со LED светло за да може и ноќе да ја употребувате!
Прикачете го додатокот погоден за возраста на вашето дете и постепено кратете ги ноктите. Ноктите на вашето бебе ќе бидат мазни и без остри рабови што може да ја изгребат нивната нежна кожа. Вклучивме и метална подлога и конус за да можат и родителите да ги средат ноктите!
Содржи:
Електрична турпија за нокти
x6 додатоци за турпијата
Сад за складирање
Потребни се x2 AA батерии (не се вклучени)
Електрична Турпија – Мече
Кажете им збогум на острите ножици и запознајте се со сетот за нега на нокти Happii Bear! Овој симпатичен тример за нокти има посебен дизајн на поларна мечка за да го привлече вниманието на вашето бебе, што го олеснува претворањето на застрашувачките сесии сечење нокти во квалитетно време за дружење.
За да го користите, едноставно прикачете го додатокот погоден за возраста на вашето дете и нежно почнете да ги кратите ноктите. Тивката електрична турпија располага со две брзини и насоки на ротација, како и LED светло за да се користи и во текот на ноќта. Се полни, што ја прави подобро решение за животната средина и вашиот паричник – нема повеќе да барате резервни батерии! И најдобро од сè, комплетот за нега на нокти Happii Bear е погоден за целото семејство, од новороденчиња до мама и тато.
Содржи:
Електрична турпија за нокти
x6 додатоци за турпијата
Сад за складирање
Подлоги за гради за топлење и разладување повеќекратна употреба
Смирете ги болките поврзани со доењето со Haakaa подлоги за топлење и разладување за повеќекратна употреба.
Загрејте ги за да ја ублажите непријатноста предизвикана од маститис и надуеност или да поттикнете проток на млеко. Алтернативно, обидете се со разладување во фрижидер или замрзнувач да го смирите воспалените или отечени гради и брадавици.
Секоја влошка доаѓа со мека памучна навлака која обезбедува заштитен слој помеѓу влошките и вашата кожа и практична преносна торба за складирање. Погодно за гради од сите облици и големини.
Содржи:
2 x Влошки за гради за повеќекратна употреба – (румена)
2 x Памучни навлаки
1 x Пренослива торба за складирање (Сина боја)
Подлога за ладење на перинеум за повеќекратна употреба
Смирете ја непријатноста во регијата меѓу нозете, отокот на перинеумот и другите болки поврзани со породувањето со Haakaa подлогата за ладење на перинеумот. Оваа подлога е наменета за жени кои се породиле вагинално или кои доживуваат непријатности како резултат на породувањето.
Подлогата е дизајнирана да биде разладена или замрзната за да помогне во ублажување на болката. Влошката се вметнува во меката памучна навлака, која обезбедува заштитен слој помеѓу влошката и вашата кожа и се прицврстува на вашата долна облека. Добивате две навлки за да можете редовно да ги менувате ако имате поголемо истекување. Дополнително, овој сет доаѓа со пет навлаки од неткаен материјал за употреба во фрижидерот или замрзнувачот, што помага да се создаде хигиенска бариера помеѓу влошката и останатите предмети во вашиот ладилник.
Содржи:
- 1 x Подлога за ладење на перинеумот за повеќекратна употреба (влошка)
- 2 x Памучни навлаки
- 5 x Навлаки од неткаен материјал
- 1 x Пренослива торба за складирање (Сина боја)
5-во-1 Сет Четки за Mиење
Чистете и грижете се за вашата опрема за мајчинството со комплетот четки за чистење 5 во 1 од Haakaa! Ѕвездата на овој комплет е повеќенаменската отстранлива четка. Со три глави со различни големини и флексибилни влакна за ефикасно чистење од 360°, сите ваши предмети ќе бидат оставени чисти и подготвени за повторна употреба. Главата на четката за шишиња се свиткува до 90°, а перничето со влакна е отстранливо за дополнителна хигиенска удобност. Долги, густи и цврсти, но меки влакна се компресираат за да се вклопат и темелно да ги исчистат повеќето садови, достигнувајќи дури и тесни агли. Рачката има цврст аголен раб за лесно отстранување на тврдокорните остатоци. Извитканата најлонска четка е идеална за допирање на внатрешните површини и помалите празнини. Конечно, четката во облик на буквата U има влакна на двете внатрешни површини за да се вклопат преку рабовите на садовите и жлебовите за чистење на тврдокорните нечистотии.
- Заедно со оваа неверојатна четка се наоѓаат две силиконски и четки од не’рѓосувачки челик за детално чистење на тесни предмети како што се сламки или колострум колектор! Секоја четка има кука за закачување за практично складирање и помагање во спречување на мувла.
- Вклучува четка за шишиња со тројна глава плус две силиконски цевчести четки со различна големина, дизајнирани за чистење на големи и мали предмети.
- Ефикасно чисти сè, од бебешка и мајчинска опрема до секојдневни предмети во домаќинството!
Четка за Mиење 360°
Чистете и грижете се за вашите производи и тие на вашето бебенце со силиконската четка за миење на Haakaa! Нашата четка ќе ви помоге ефикасно да ги исчистите сите ваши основни работи, оставајќи ги безбедни и хигиенски.
Нашата силиконска четка со двоен крај има меки и флексибилни силиконски влакна кои обезбедуваат чистење од 360° за сите ваши предмети. На едниот крај, главата на четката е совршена големина за чистење на вашите пумпи, шишиња и кеси за складирање млеко, а на другиот крај има четка со аголен врв за да стигне до аглите на
вашите цуцли од шишиња, Бубамарите и друго!
Навлаки за Патики
Нема веќе страв од дождот! Со водоотпорните навлаки за чевли на Haakaa, вашето дете ќе биде подготвено за секаква авантура, без оглед на времето!
Направени од висококвалитетен силикон, овие навлаки за повеќекратна употреба лесно се натакнуваат за патичињата на вашето дете да се чисти и суви.
Секој пар доаѓа со торбичка за складирање за да сте секогаш подготвени.
Резервни додатоци за електрична турпија
Едноставно закачете го додатокот погоден за возраста на вашето дете на електричната турпија и постепено кратете ги ноктите! Ги прават ноктите на вашето бебе мазни за да не изгребат нивната нежна кожа.
Забелешка:
Овој производ содржи само 4 додатоци за замена на електричната турпија за нокти за бебиња. Не ја содржи Електричната Турпија.








































