🚚 БЕСПЛАТНА ДОСТАВА ЗА НАРАЧКИ НАД 1500 мкд

FAQ

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Чистење и нега

Препорачуваме да ја чистите и стерилизирате Haakaa пумпата со стерилизатор на пареа или во вриечка вода 2-3 минути. Не користете никакви средства за чистење или таблети базирани на белило за стерилизирање или чистење на вашите Haakaa производи.

Навистина ова e индивидуално. Во првите три месеци препорачано е се што употребувате за хранење на бебето да стерилизирате после секоја употреба. После овој период може да ја измиете пумпата само со топла вода и сапуница, а да стереилизрате после неколку употреби. Се зависи од тоа што најдобро функционира за вас!

Зебелешка: Ова упатство е само за производи направени целосено од силикон, овие методи може да не се погодни за производи од друг материјал.

За да го измиете вашиот силиконски производ, убаво истријте го со топла вода и сапуница и потоа исплакнете. Од надвор истапкајте да се исуши и оставите да се исуши на подлога за сушење. НО, ако брзате повторно да го употребите производот, ставете го во микробранова печка 2-3 минути (стопирајте на пола за да го свртите производот) и ќе биде целосно сув.

Силиконот е впивачки материјал и може да ги апсорбира боите и мирисите на супстанциите со кои доаѓа во контакт. Иако силиконските производи може да ги миете во машина за садови, препорачуваме рачно миење со топла вода и сапуница. За стерилизирање, препорачуваме да се вари во вода 2-3 минути или да користите стерилизатор на пареа.

Строго препорачуваме да не користите средства засновани на белило или таблети за стерилизирање за чистење на вашите Haakaa  производи бидејќи тоа може да влијае на чистотата на вашиот производ. Иако вашите производи може да станат заматени откако ќе користите детергент за да ги миете, силиконот не исцедува потполно и сè уште е сосема безбеден за употреба. Ако сте сеуште  загрижени, можете повторно да ја стерилизирате пумпата со вриење во вода, само за да бидете безбедни!

Некои мајки рекоа дека варењето на пумпата во вода со капки бел оцет може да помогне да се подобри чистотата на пумпата, па можеби ќе сакате да го направите ова.
Понекогаш силиконот може да делува и како магнет и може да ја привлече околината или да апсорбира мириси, бои итн. Предлагаме рачно миење на пумпата за гради под топла вода со сапуница со малку груб сунѓер и нежно чистење на надворешноста. Ова обично помага!

Понекогаш, кога нашите тела постојано се менуваат по раѓањето на нашите бебиња, се менува и потребната сила за вшмукување.

При прицврстување на градата дали го преклопивте горниот дел наназад, го стиснавте телото на пумпата, ја центриравте брадавицата во отворот, го вративте на место горниот дел и ја ослободивте? Ова е најефективниот начин на прицврстување. Колку повеќе го стискате телото на пумпата, толку посилна ќе биде сукцијата. За посигурно позиционирање држете ја градата со рака.

Само проверете дали вашата брадавица е во центарот на пумпата и не ја допира пумпата. Секогаш проверувајте ја вашата пумпа дали има мали отвори што може да предизвикаат истекување на воздухот за да спречите лошо вшмукување.

Ако сметате дека ниту еден од овие совети не функционира можно е силиконскиот материјал да се истрошил и да ја изгубил јачината на сукција . Понекогаш тоа може да се случи во зависност од тоа колку често се користи и стерилизира, како и начинот на миење и стерилизирање – колку повеќе ја стерилизирате пумпата, толку побрзо таа ќе ја изгуби сукцијата. Некои мајки сметаат дека треба да ги заменат своите пумпи по неколку месеци, додека други ги имаат нивните со години. Навистина се разликува за секој човек врз основа на секој од тие фактори.

Некогаш силиконот може да се однесува како магнет и да впива мириси, бои, итн. Предлагаме да ја миете пумпата рачно во топла вода и сапуница и нежно да го истриете надворешниот дел. Ова најчесто помага!

Измолзување

Haakaa пумпата е 100% силиконска, тивка, едноделна и практична. Ќе ви помогне во измолзување мајчино млеко или едноставно да го “фати” млекото кое ви протекува додека доите на едната града и ќе имате повеќе залихи од вашето млеко.

1. Стерилизирајте ја пумпата со тоа што ќе ја ставите во вриечка вода 2-3 минути.
2. Ставете го отворот на пумпата на вашата брадавица – проверете дали вашата брадавица е удобно центрирана во вратот на пумпата.
3. Започнете со сукција – можеби ќе треба да ја прилагодите положбата на вашата пумпа неколку пати. Откако пумпата е сигурно и удобно наместена, започнете со сукција со стискање на основата на пумпата за да започне протокот на млеко.
4. Штом млекото ќе почне да тече, едноставно оставете ја пумпата сама да го направи своето!
5. Кога пумпата е полна, испразнете ја во сад за скаладирање мајчино млеко.
6. Ако протокот на млеко се забави или сте ја постигнале потребната количина, едноставно залепете ја пумпата на рамна површина додека довршите со хранењето.

Не постои одредена временска рамка за тоа кога можете да користите Haakaa, навистина – можете да го користите веднаш штом ќе се чувствувате удобно по раѓањето. Можеби ќе бидат потребни неколку дена по раѓањето за да дојде вашето мајчино млеко. Претходно тоа што го имате е колострумот – густо, лепливо, жолто “прво млеко” кое е фондацијата за развојот на вашето бебе. Поради неговата погуста конзистентност, колострумот е потешко да се исцеди од мајчиното млеко и ќе добиете само неколку капки од него одеднаш.

Ако вашето бебе не може директно да дои во текот на првите неколку часа, најдобро е да му го изразите рачно колострумот или со помош на нашите колотрум колектори. Ова е важно затоа што измолзувањето во првите неколку часа по породувањето може да им помогне на мајките да произведуваат повеќе млеко во раните фази од животот на нивното бебе!

Ако сте решени да користите пумпа за гради за да го надополните вашето доење, се препорачуваме да почекате неколку недели по породувањето пред да започнете со пумпање. Тоа е затоа што во првите неколку недели, вие и вашето бебе соработувате за да го изградите вашето снабдување со млеко и да воспоставите рутина врз основа на тоа колку и колку често вашето бебе дои.

Ако вашето бебе не е во можност да дои или сте одбрале исклучиво да пумпате, треба да го пумпате мајчиното млеко што е можно поскоро за подобро да го воспоставите вашето снабдување со млеко. Меѓутоа, ако имате какви било тешкотии или имате какви било грижи во врска со измолзувањето на мајчиното млеко, се препорачува да посетите консултант за лактација или друг здравствен работник.

Препорачуваме додека бебето дои другата града да ја измолзувате бидејќи така ја стимулирате за поголем проток на млеко. Доколку не доите, ставете топла облога и масирајте ја градата за да го зголемите протокот. Секоја мајка е различна и немојте да се обесхрабрите ако немате толку млеко како некоја друга мајка.

Дефинитивно може да ја користите Haakaa пумпата како примарна. Некои жени ја користат само да го соберат вишокот млеко што им протекува од градите за да не го изгубат во влошки. Но, може да ја употребувате исто како и секоја друга рачна пумпа. Едноставно пумпата прави сукција и дозволува млекото од градата природно и постепено да истекува. Препорачуваме додека го доите бебето на другата града да ја користите Haakaa пумпата, бидејќи самото доење стимулира проток на млеко. Исто така, ако не доите во моментот може да ја наместите пумпата и нежно да ја масирата градата или да ставите топла облога за побрзо проток на млекото.

Можно е сукцијата на пумпата да е премногу силна бидејќи не би требало да имате болни брадавици. Обидете се само полесно да го стиснете телото на пумпата при местењето, колку повеќе воздух се истиснува, толку посилна ќе биде сукцијата. Како се менува телото после пороѓајот и нивото на сукција е менливо, треба да пробате неколку пати да видите што најмногу ви одговара.

Заштитник за брадавици

Нешто што може да помогне е да не го прицврстите заштитиникот на брадавицата пред доење, туку само ставете го на градата и дозволете бебето да почне да повлекува за природно да се намести. Понекогаш, кога заштитникот е веќе поставен, бебето кога влече ја повлекува и брадавицата нанапред и токот на млекото забавува.

Исто што може да помогне е да капнете малку млеко од градата на заштитникот пред доење. Многу бебиња се веќе прегладнети кога почнуваат со доење и пребрзо почнуваат да влечат. Но, доколку осетат млеко нема толку силно да влечат и нема брадавицата да ја повлечат нанапред во заштитникот.

Препорачано е да го ставите заштитникот на градата пред самото доење, да го стиснете горниот дел да создадете сукција. Самото тело ќе одлучи колку долго е потребно за убаво да се намести заштитникот на вашата брадавица.

Материјали

Силиконот е 100% природен материјал, не е остосетлив на промена на температура, хипоалергенски и лесен за чистење. Исто така не пропушта воздух и е отпорен на истекување. Има ниска реакција на други хемикалии и не лачи бидејќи нема хемиски филери како пластиката (која потекнува од сурова нафта) што го прави многу безбеден за употреба.
 
Силиконот ги впива состојките со кои доаѓа во контакт, но исто така е материјал што дише и затоа е удобен и за мајките да го стават на својата кожа.

Силиконот може да трае со децении за домашна употреба и да издржи тешки услови како многу ниска или висока температура без да се распадне. Лесно е за одржување, само измијте со топла вода и сапуница или ставете во вриечка вода за стерилизација.

Силиконот е 100% природен материјал. Има ниска реактивност на други хемикалии и не се исцедува бидејќи не содржи хемиски полнила, што го прави неверојатно безбеден за употреба. Haakaa пумпата можеби попримила мирис додека била спакувана. Или можеби додека стоела во кујнскиот плакар. Силиконот е порозен, па наместо да лачи, ќе ги апсорбира супстанците со кои доаѓа во контакт, така што причината што има мирис се должи на овој фактор. Но сосема е безбедно да се користи. Еден од најчестите предлози за отстранување на мирисите од силиконот е да го натопите вашиот силиконски предмет во мешавина од 50-50 бел оцет и вода некое време. После тоа, можете само да стерилизирате во врела вода 2-3 минути. Строго препорачуваме да не користите средства засновани на белило или таблети за стерилизирање за чистење на вашите производи од Haakaa бидејќи тоа може да влијае на чистотата и животниот век на вашиот производ.

Силиконот е направен од природни материјали и доаѓа од елементи кои ги има во песокот и каменот. Не се дели на микроелементи како пластиката.

Кога гори, силиконот не отпушта токсичен чад и се дели во неоргански, но безопасни, состојки: сицилиум диоксид, јаглерод диоксид и водена пареа.

Фталати се група хемихалии кои се користат да се направи пластиката пофлексибилна и поцврста. Се наоѓаат во многу предмети кои ги употребуваме секојдневно, но може да предизвикаат здраствени проблеми. Во Haakaa сме горди што воопшто не употребуваме фталати. Секогаш стермиме кон тоа да создадеме безбедни производи за вас и вашето бебе.

БПА е кратенка за бисфенол-А што е хемикалија за производство за некои пластични производи. Се користи да се обложат метални производи, како конзерви за храна, капачиња за шише или цевки за довод на вода. Доколку дојде во контакт со храната или пијалокот што го кознумираме може да има негативни последици на нашето тело.

ПВЦ е кратенка за полибинилхлорид што е синтетички пластичен полимер. Haakaa стерми кон тоа да употебува што помалку пластика и ќе забележите дека нашите производи се без ПВЦ.

ПП е кратенка за полипропилен што е термопластика. Знам што мислите, пластика?! Тоа е посебен вид на пластика која може да се грее до степен на топење, да се олади и пак загрее. Во други зборови, тоа е пластика која може да се рециклира! Уште една придобивка за нашата средина.

Scroll To Top
Close
Close

Кошничка

Close

Кошничката е празна

Продолжи со купување