


Haakaa – Пумпи за гради, доење и еко-пријателски производи за бебиња
Да го направиме мајчинството поедноставно, полесно и позелено.
Haakaa е бренд за бебиња во сопственост на Новозеландско семејство, кој на родителите им обезбедува безбедни, природни, нетоксични и еколошки производи за бебиња. Ние сме 100% посветени на создавање стилски, практични и одржливи производи кои се безбедни и за нашите деца и за нашата планета.

Haakaa – Пумпи за гради, доење и еко-пријателски производи за бебиња
Да го направиме мајчинството поедноставно, полесно и позелено.
Haakaa е бренд за бебиња во сопственост на Новозеландско семејство, кој на родителите им обезбедува безбедни, природни, нетоксични и еколошки производи за бебиња. Ние сме 100% посветени на создавање стилски, практични и одржливи производи кои се безбедни и за нашите деца и за нашата планета.


БЕЗ БПА

ЕКОЛОШКИ

ИЗДРДЖЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ

ИНОВАТИВЕН ДИЗАЈН

ОДОБРЕНО ОД NEONATAL TRUST

БРОЈНИ НАГРАДИ
Наши Награди







Наши Награди







Најпопуларни Производи
Електрична турпија
Haakaa сетот за нега на нокти ви овозможува безбедно да ги скратите ноктите на вашето бебе без потреба од остри ножици или машинки! Нашиот мал апарат го елиминира ризикот од гребнување на кожата на вашето дете.
Електричната турпија има две насоки на ротација и брзини за да одговараат на вашите потреби. Тивка е и со LED светло за да може и ноќе да ја употребувате!
Прикачете го додатокот погоден за возраста на вашето дете и постепено кратете ги ноктите. Ноктите на вашето бебе ќе бидат мазни и без остри рабови што може да ја изгребат нивната нежна кожа. Вклучивме и метална подлога и конус за да можат и родителите да ги средат ноктите!
Содржи:
Електрична турпија за нокти
x6 додатоци за турпијата
Сад за складирање
Потребни се x2 AA батерии (не се вклучени)
Шприц за давање лек
Дали имате болно, уморно и кенкаво бебенце? Лесно дајте му го лекот на вашето малечко со Haakaa шприцот за орално хранење!
Шприцот за орално хранење е совршен начин да се администрира млеко, течност или поголеми количество на лек на уреден начин. Погодно и за предвремено родени бебиња! Двојните аголни порти на врвот го распрснуваат лекот странично и рамномерно во устата на вашето дете наместо само во задниот дел на грлото како обичен шприц, што значително го намалува ризикот од гушење!
Кога го храните бебето со традиционален шприц тврдиот врв може да ја оштети деликатната уста на вашето бебе. Haakaa шприцот за орално хранење ги олеснува работите со тоа што има мек силиконски врв кој бебето може да го цица.
Haakaa шприцот за орално хранење ги мери течностите во единици од 5 мл. Доколку треба да дадете помала доза препорачуваме да измерите во друг шприц па да ја префрлите течноста во Haakaa шприцот.
Четка за заби за прст
Започнете ги оралните хигиенски навики на вашето малечко со Haakaa четката за заби за прст! Специјално е дизајнирана да всади позитивни и важни навики за дентална хигиена кај вашето дете уште од рана возраст.
Нашата четка е направена од 100% супер мек силикон и го навикнува вашето дете на чувството на миење заби, така што четкањето ќе стане забавен и суштински дел од секојдневниот живот. Се одликува со две различни површини – мек силикон и поцврсти силиконски навртки – за да се овозможат повеќе опции за чистење и смирување на деликатните нови запчиња и непце.
Силиконска четка за коса
Haakaa силиконската четка за коса е совршена мултифункционална алатка која помага да се грижите за вашето малечко додека го бањате, а и после тоа! Направена од многу мек силикон, нежна дури и за најчувствителната кожа – може да се користи за чистење на вашето тело, миење на косата, како релаксирачки масажер за скалпот или како четка за коса за внимателно отплеткување на прамените. Исто така, неверојатно добро помага со корупчињата на главата на бебчето! Всушност, оваа четка е толку разновидна што можете дури и да ја користите низ куќата како четка за чистење кога веќе нема да ви биде потребна за нега на вашето бебе.
Диспензер-лажица за храна – Сива
Haakaa диспензерот-лажица за хранење е совршен начин да ја носите храната за вашето бебе со себе без да се мачите да носите посебни лажици и садови. Нахранете го вашето малечко здраво со домашна храна без неред, отпад и опасни хемикалии од пластичните садови!
Едноставно наполнете ја тубата (диспензерот) со храна и затворете ја. Храната ќе остане внатре во силиконската туба која не протекува додека не дојде време за ужина. Отстранете го капакот и нежно притиснете ја тубата за да истече храната во лажичката.
Силиконска Пумпа 100мл
Силиконската пумпа за гради Haakaa е нешто што секоја мајка која дои треба да го има!
Достапна во две големини – 100/150мл. и со лепливо дно кое се лепи на рамни површини за да спречи случајно излевање. Haakaa пумпата е најлесниот и наједноставниот начин за измолзување мајчино млеко.
Направена од 100% прехранбен силикон, оваа компактна пумпа е совршена за долги патувања, за во авион, возење со автомобил, семејни излети или каде било каде што сакате да се измолзете дискретно, тивко и брзо. Едноставно прицврстете ја на градата и оставете ја пумпата да си ја заврши работата, односно измолзи, користејќи природна сукција. Таа е 100% еколошка и безбедна за мајката, бебето и нашата околина.
Бубамара Колектор 75мл x2
Силиконскиот колектор за мајчино млеко Haakaa Бубамара е совршена алтернатива на влошките за гради за мајки кои сакаат да ја зачуваат секоја капка.
Едноделниот дизајн се прицврстува на вашите гради со сукција и безбедно и дискретно стои во вашиот градник. Сукцијата на Бубамарата е лесна и нежна за да го држи производот на место. Нема да вади дополнително млеко, па затоа е идеална за мајки на кои им протекува мајчино млеко и сакаат да го зачуваат без да го зголемат снабдувањето.
Можете да ја носите Бубамарата од другата страна додека доите за да го соберете млекото кое протекува или да носите по една на секоја града во градникот додека ги вршите секојдневните обврски. Има и мали стапала на дното за да стои исправено на која било рамна површина, спречувајќи излевање по употреба.
Откако ќе завршите со собирање на млекото, отворете го отворот на врвот и безбедно истурете го млекото во сад за чување млеко.