🚚 БЕСПЛАТНА ДОСТАВА ЗА НАРАЧКИ НАД 1500 мкд

Ортодонска брадавица

1.100 ден

Краток опис:

Haakaa силиконската брадавица за доење е направена од 100% мек силикон, со продолжена цуцла што остава простор помеѓу вашата брадавица и устата на вашето бебе.

Ако вашето малечко гризне, се повлече или ако имате болни или испукани брадавици, сепак ќе можете лесно и удобно да доите. Нашите брадавици се “лепат” на вашите гради со помош на вакуум, што ви овозможува да доите безгрижно.

Тркалезната основа е поголема и полесно се прилагодува, што ја прави посоодветна за оние кои се нови во користењето ваков вид брадавици.

Ортодонтската цуцла на брадавицата ја имитира мајчината брадавица и така доенчиња полесно ја прифаќаат.

Ортодонската брадавица има отвор со дијаметар од 28 mm за вашата брадавица.

Овој производ е дизајниран за мајки кои физички не можат да дојат поради болни или испукани брадавици и треба да се користи само во периодот додека заздравува.

Содржи:

  • Силиконска брадавица за доење
  • Торбичка за складирање
Опис
  • Патентиран едноделен дизајн.
  • Дизајнот на брадавиците им овозможува на бебињата да имитираат природен ритам на цицање, што им олеснува на бебињата со тешкотии при доење.
  • Прикладно за сите облици на гради.
  • Нелизгачкиот надворешен дизајн овозможува држење на брадавицата додека бебето се храни.
  • Цуцлата со променлив проток му овозможува на вашето бебе постојано да пие и го спречува да се гуши ако млекото тече премногу брзо.
  • Просторот помеѓу брадавицата на мајката и силиконската брадавицата го спречува бебето да ја гризе мајчината брадавицата.
  • Безбедно да се стерилизира.
  • Безбедно да се мие во машина за миење садови.
  • Без БПА, ПВЦ и фталати.

Како да ја користите Haakaa силиконската брадавица:

  1. Стиснете го врвот и преклопете ја основата наназад.
  2. Центрирајте го отворот на вашата брадавица, притиснете на градите и преклопете ја основата во првобитната положба.
  3. Ослободете го стисокот – треба да почувствувате лесно вшмукување.
  4. Можеби првиот обид нема да биде успешен, затоа приспособете се додека не ви биде удобно.
  5. Запознајте го вашето бебе со брадавицата пред за да почне да дои преку неа.

Совет: Обидете се да капнете неколку капки мајчино млеко во брадавицата пред да ја прикачите за полесно да се фиксира.

Измијте пред и по секоја употреба. Препорачуваме рачно миење во топла вода со сапуница и темелно испирање и сушење. Не користете никакви средства за чистење или таблети базирани на белило за стерилизирање или чистење на вашите Haakaa производи. За стерилизација употребувајте стерилизатор на пареа или ставете во вриечка вода 2-3 минути. Препорачуваме да ја заменувате четката секои 3-4 месеци.

Редовно проверувајте ја состојбата на производот. Заменете го производот ако покажува знаци на оштетување. Не го чувајте во близина на остри предмети. Треба да се користат само четки со меки влакна или мек сунѓер за чистење на овој производ бидејќи грубите бришачи може да ја изгребат површината. Чувајте го производот на ладно и суво место и избегнувајте директна сончева светлина. Потребен е надзор од возрасни. Чувајте далеку од дофат на деца и миленичиња.

Прегледи (0)

Оценки

There are no reviews yet.

Be the first to review “Ортодонска брадавица”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll To Top
Close
Close

Кошничка

Close

Кошничката е празна

Продолжи со купување

Ортодонска брадавица
(0)