Резервна Цуцла за “Цуцла за Хранење”
370 ден
Резервна цуцла за сите Цуцли за Хранење
Слични производи
Додаток Цуцла
Претворете го вашето Haakaa силиконско ќесе за складирање млеко во ќесе за хранење во движење! Цуцлата има вкрстен отвор што му овозможува на вашето бебе да се храни со свое темпо.
Силиконската цуцла лесно влегува во вратот на вашето Haakaa силиконско ќесе за складирање или хранење. Вие и вашето малечко лесно можете да го истиската мекото ќесе, дозволувајќи содржината да истече. Кога не се користи, капачето отпорно на прав да ја одржува чиста цуцлата.
Погодно за поретки течности како млеко и вода.
Препорачана возраст: 6м+
Лигавче – Розево
Haakaa силиконското лигавче е совршен придружник за време на оброкот на вашето малечко! Направено од 100% прехранбен силикон, со голем џеб напред за да ги фаќа сите трошки што паѓаат или залутани парчиња храна. Мекиот, лесен и флексибилен силикон е нежен за кожата на вашето бебе и спречува тешко и неуредно чистење после јадење – само избришете го со влажна крпа!
Шприц за давање лек
Дали имате болно, уморно и кенкаво бебенце? Лесно дајте му го лекот на вашето малечко со Haakaa шприцот за орално хранење!
Шприцот е совршен начин да се администрира млеко, течност или поголеми количество на лек на уреден начин. Погодно и за предвремено родени бебиња! Двојните аголни отвори на цуцлата го распрснуваат лекот странично и рамномерно во устата на вашето дете наместо само во задниот дел на грлото како обичен шприц, што значително го намалува ризикот од гушење!
Кога го храните бебето со традиционален шприц тврдиот врв може да ја оштети деликатната уста на вашето бебе. Haakaa шприцот за орално хранење ги олеснува работите со тоа што има мек силиконски врв кој бебето може да го цица.
Шприцот ги мери течностите во единици од 5 мл. Доколку треба да дадете помала доза препорачуваме да измерите во друг шприц па да ја префрлите течноста во Haakaa шприцот.
Модла за Замрзнување Мајчино Млеко
Сладолед за вашето бебенце!
Силиконската модла на Haakaa е лесен и забавен начин да го навикнете вашето малечко само да јаде! Одличен начин да го замрзнете мајчиното млеко, да го ставите во цуцла за храна и вашето бебе ќе има вкусен оброк, а така ладно може и да помогне кога има болки при никнување нови запчиња. Исто така може да се користи и за печење во рерна (до 220 ℃)
Димензии: 217 x 118 x 26 mm
Секоја модла има девет прегради (по 10мл) и вклучува капак.
Цвет Цуцла за хранење + Модла
Сетот Цвет Цуцла за Храна + Модла со две прегради е идеалниот сет за воведување нови вкусови, практично и лесно решение за оваа нова фаза!
Haakaa цуцлата за храна е совршен начин безбедно да му воведете нови вкусови на вашето бебе. Направена е од 100% силикон, издржлива и лесна за чистење.
Haakaa цуцлата е лесна за составување и употреба! Едноставно ставете овошје или зеленчук во силиконската цуцла и затворете. Можете исто така да замрзнете храна директно во неа.
За да го направите ова, едноставно ставете ја силиконската навлака на цуцлата, истурете течност (како мајчиното млеко или пасирана храна), затворете со капачето и замрзнете! Вашето малечко ќе ужива во способноста да искуси нови вкусови и текстури, а исто така ќе гради независност, ќе научи да се храни само и ќе ја подобри нивната координација рака-око и фини моторни вештини.
Силиконската модла на Haakaa е лесен и забавен начин да го навикнете вашето малечко само да јаде! Одличен начин да го замрзнете мајчиното млеко, да го ставите во цуцла за храна и вашето бебе ќе има вкусен оброк, а така ладно може и да помогне кога има болки при никнување нови запчиња. Исто така може да се користи и за печење во рерна (до 220 ℃)
Димензии: 217 x 118 x 26 mm
Секоја модла има две прегради (по 10мл) и вклучува капак.
Чашка ‘Sip-N-Snack’
Пиењето и јадењето надвор само што стана многу полесно за вашето малечко со Haakaa силиконската ‘Sip-N-Snack’ чашка! Со оваа 100% силиконска чашка добивате две капачиња кои може да ги менувате за да имате чашка со меко клунче или чашка за грицки.
Клунчето на чашката е совршена големина, меко и нежно за малечката уста на вашето детенце. Протокот на водата е лесен за да пие без потешкотии.
Капачето кое спречува истурање е во форма на цвет со меки силиконски клапи за малите рачиња лесно да си ја земат храната сами. Кажете им чао на пластичните тањирчиња кои тешко се отвараат! Капачето сигурно ќе стои прицврстено на чашката, малечкото може да ја фрли или тресе-грицките се на безбедно! Затоа Sip-N-Snack чашката е супер за кога сте излезени.
- 250мл.
- За 6+ месеци
- Достапно во розева и сина боја
Додаток цуцла за густи течности
Haakaa цуцлата за силиконско ќесе е компатибилна со сите Haakaa силиконски ќеси за практично и лесно хранење – едноставно прицврстете го додатокот во отворотот на ќесето и стискајте за да го нахраните бебето! Цуцлата со променлив проток овозможува безбедно хранење и пиење и е совршена за детска храна, пире и друго.
Кесе за хранење Happii Bear
Носете со себе здрава храна каде и да одите во секое време со силиконското кесе за хранење Happii Bear!
Направена од 100% прехранбен силикон со јасни мерни знаци и може да се користи повторно и повторно!
Користете го за домашни кашички, без негативните последици на пластиката! Кесето од 170мл е одлично за мали рачиња и стомак, додека тоа од 500мл. е совршено за подолги патувања или поголеми апетити. Силиконската цуцла на ќесето со променлив проток им овозможува на децата да се хранат со свое темпо. Вклучената силиконска сламка може да се користи за течности и поретки каши за да се изеде и последното залче (или капка), а за малку постабилни рачиња можете да ја извадите сламката и да го стиска кесето.
Компатибилно Haakaa додатоците за силиконското кесе за млеко и хранење.
Додатоци ⇓
- Додаток Лажица
- Додаток Цуцла
- Додаток Цуцла за Густи Течности
- Додаток Капаче – За безбедно чување во фрижидер
Freeze-N-Sip Модли за Сладолед
Подгответе вкусен домашен сладолед со комплетот модли за сладолед Freeze-N-Sip на Haakaa!
Направени од 100% силикон за храна, овој сет е мек, безбеден и совршен за тие жешки летни денови. Најдобро од сè, неверојатно лесен за употреба! Ставете го капакот на сладоледот во отворот на кутијата, а потоа наполнете го некаде помеѓу двете ознаки за мерење со вашите избрани состојки. Прикачете ја основата на корнетот, а потоа ставете го целиот сет во замрзнувачот! Откако ќе се замрзне, само треба да го отстраните капакот и ќе добиете замрзнат сладолед што лесно се држи. Уште подобро, ако се стопи, само ставете ја вклучената сламка за да можете да го пиете без неред или мака.
Супер едноставен сладолед кога и да посакате со овој прекрасен сет!
Наменето за 3+ години
Лигавче
Haakaa силиконското лигавче е совршен придружник за време на оброкот на вашето малечко!
Направено од 100% прехранбен силикон, со голем џеб напред за да ги фаќа сите трошки што паѓаат или залутани парчиња храна. Мекиот, лесен и флексибилен силикон е нежен за кожата на вашето бебе и спречува тешко и неуредно чистење после јадење – само избришете го со влажна крпа!
SqueezieDOSE – Сет Диспензери за Давање Лек и Храна
Нахранете го вашето малечко со течности и давајте му лекови безбедно и лесно со сетот SqueezieDOSE од Haakaa! Уникатниот дизајн со топчаста форма е одлична алтернатива на традиционалните тврди пластични шприцеви. Ви овозможува да го користите со една рака, давајќи ви лесна контрола врз брзината на проток со едноставно стискање. Дизајниран за лесно мерење, полнење и хранење, од 100% медицински силикон SqueezieDOSE има јасни мерни единици кои се лесни за читање без разлика на кој начин го држите, а широката основа дава дополнителна стабилност на рамни површини. Уште повеќе, се расклопува без никакви проблеми, што го прави чистењето лесно. За употреба, само стиснете ја за да се наполни, а потоа нежно стиснете повторно за да ја контролирате брзината на проток за едноставно и удобно дозирање на течности! Овој комплет доаѓа со два заменливи додатоци на шприцот за да одговараат на потребите на вашето дете.
- Лесно ракување со една рака – едноставно стиснете за да наполните и контролирајте ја брзината на проток.
- Мекиот штит на врвот обезбедува удобно хранење без задушување.
- Мек и безбеден 100% силикон од медицински квалитет.
- Безбедно во машини за миење садови, стерилизатори и врела вода – едноставно одвојте го за чистење.
Сет силиконски лажици – Сина
*Овој комплет е повеќе погоден за деца кои се десничари*
Haakaa сетот со силиконски лажици за самостојно хранење е совршен начин да го навикнете вашето малечко да се храни само! Нашите уникатни дизајни на силиконските лажички ја поддржуваат природната техника на хранење на вашето дете за да изгради самодоверба и независност за време на оброците.
Нашите лажици се направени од 100% прехранбен силикон, кој е мек и безбеден за нежните усти и непца. Ергономските рачки се свиткани за да му помогнат на вашето дете да ја земе храната со движење нагоре што е интуитивно и лесно за нивните мали раце.
Нашата уникатно дизајнирана лажица со отвор е наменета за јадење тестенини и е совршен градител на самодоверба за малите раце кои учат да се хранат. Направена од 100% силикон и ергономски обликувана, Haakaa лажицата со отвор е дизајнирана да им помогне на децата да јадат долги тестенини на начин кој им е лесен и природен.
Димензии:
Силиконска лажица со отвор- 121 x 36 x 36 мм
Силиконска лажица – 114 x 40 x 39 мм
Кутија за складирање – 155 x 65 x 30 мм
























Оценки
There are no reviews yet.