Билет за Настан – СОВЕТИ ЗА ТРУДНИЦИ И МАЈКИ – 29.03
300 ден
Драги мајки,
Со големо задоволство повторно организиравме настан специјално за вас, со цел да се информирате детално за доењето, бременоста и мајчинството!
Во соработка со Јасна Апостолоски-Николов IBCLC – Меѓународен Сертифициран Консултант за Доење, ќе имате можност да слушнете голем број професионални препораки и совети за почетните фази на мајчинстовото, но и да се вклучите во дискусија доколу имате било какви прашања!
Ќе бидат презентирани и дел од Haakaa производите кои би можеле да ви бидат од голема помош.
Ќе видите точно како функционира нашата силиконска Haakaa пумпа и како точно да ја поставите. Исто така ќе ја видите разликата помеѓу Бубамарата и пумпата! Дознајте кои производи се за вас и како ќе ви помогнат.
Секој учесник на настанот ќе добие ваучер со -20% попуст за било која нарачка!
Ве очекуваме на нашиот втор Haakaa настан во Скопје кој ќе биде исполнет со многу интересни и корисни теми за сите трудници и нови мамички 🥰
КОГА?
Недела, 29 Март
КАДЕ?
PUBLIC ROOM – 50-та Дивизија 22, Скопје (Линк до Google Maps)
ВО КОЛКУ ЧАСОТ?
Од 12:00 до 14:00
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Бидејќи билетите се електронски и нема да се издаваат физички, Ве молиме при наплата да ја изберете опцијата плаќање со платежна картичка. По извршената уплата ќе добиете потврден емаил од нас, ве молиме чувајте го.
Потврдата/ваучерот можете да го испечатите или да го покажете во електронска верзија од вашиот мобилен уред кога ќе пристигнете на настанот.
Доколку при наплата на електронскиот изберете опција “плаќање при достава” истиот нема да важи.
Плаќање на лице место нема да биде возможно.
Доколку имате проблем со плаќањето или имате прашања можете да не контактирате на:
- info@haakaa.mk
- 071 415 123 (09:00 – 16:00)


Оценки
There are no reviews yet.