Haakaa диспензерот-лажица за хранење е совршен начин да ја носите храната за вашето бебе со себе без да се мачите да носите посебни лажици и садови. Нахранете го вашето малечко здраво со домашна храна без неред, отпад и опасни хемикалии од пластичните садови!
Едноставно наполнете ја тубата (диспензерот) со храна и затворете ја. Храната ќе остане внатре во силиконската туба која не протекува додека не дојде време за ужина. Отстранете го капакот и нежно притиснете ја тубата за да истече храната во лажичката.
Содржи вентил со Х пресек кој прецизно го контролира протокот на течности или пире, овозможувајќи му на вашето малечко удобно и безбедно да ужива во вистинска храна без неред.