10 неверојатни начини како да го користите мајчиното млеко!
Напишано од акушерка, специјалист за перинатално ментално здравје и креатор на Bumpnbub, Ализа Кар
Дали знаевте дека мајчиното млеко има антисептички, антибактериски и антимикробни својства? Знај го ова-мајчиното млеко е најдобрата две-во-една алатка која може да ја имате… а освен тоа имате бесконечна количина и е бесплатна!!
Мајчиното млеко е направено од милион живи клетки, преку илјада протеини и стотици комплексни шеќери. Тоа е многу повеќе од само млеко. Тоа е совршена комбинација и може да се користи за толку многу повеќе работи освен да се храни бебчето, од смирување пеленски осип па се до правење накит.
Ова се разните начини на кои може да го користите мајчиното млеко во вашиот дом:
Пеленски Осип
Пеленскиот осип е честа појава кај бебињата во раните години. Најчесто е предизвикано од влажни пелени, триење или пелени кои не даваат на кожата да дише. Осетлива кожа исто така е фактор кој влијае на осипот. Кожата може да биде црвена, воспалена и болна.
Едно решение е да натопите памучна ткаенина во мајчино млеко и тоа да го нанесете на осипот за да се олесни чешањето и кожата да оздрави побргу. Антибактериското својство на мајчиното млеко може да намали ризик од инфекција. За да избегнете влошување на осипот менувајте ја пеленета што почесто. Студија од 2015 години (линк тука) покажа дека кога се третира пеленски осип со мајчино млеко тоа делува исто како хидрокортизон (благ кортикостероид кој се користи за егзема, пеленски осип и други заболувања). Колку е тоа чудесно!!
Егзема
На повеќето бебчиња бргу им поминува егземата или имаат само благо црвенило, но ова не е толку едноставно за другите. Не грижете се ако вашето малечко веќе некое време се справува со егзема – има надеж, мамо! Познато е дека вашето сопствено мајчино млеко има локални антиинфламаторни ефекти. Оваа студија покажа резултат на 81,5% на излечени доенчиња се лекувала егземата со мајчино млеко, во споредба со само 76% кога се третираат со 1% хидрокортизон. Мајчиното млеко го намалува воспалението и го олеснува заздравувањето на кожата. Содржи и палмитинска киселина која делува како навлажнувач на сува, ронлива кожа.
Бебешки акни
Детските акни, понекогаш познати како осип на новороденче, обично се појавуваат во првите неколку недели по раѓањето на бебето. Се појавува како фин осип од црвени испакнатини, обично на лицето. Иако точната причина не е позната, се верува дека хормоните може да играат улога. Детските акни може сами да се решат без третман, но мајчиното млеко може да го забрза процесот и да ја олесни секоја непријатност што може да ја доживее бебето. Нанесувањето на мајчиното млеко со памучна вата може да го поттикне заздравувањето на кожата.
Затнат солзавец
Кога очите на бебињата се насолзени или има сув остаток околу очите, тие може да имаат затнати солзни канали. Запушените каналисе релативно чести кај бебињата. Употребата на мајчиното млеко за лекување на проблеми со очите е документирана уште од античко египетско, римско и грчко време! Овој традиционален третман има превентивни ефекти против конјунктивитис или инфекции на очите. Неколку капки мајчино млеко во заболеното око може да помогнат да се реши затнувањето. Запушените канали за солза може да бидат непријатни, а мајчиното млеко може да помогне во ублажување на иритацијата. Згора на нанесувањето на мајчиното млеко, окото треба да се чува од секаква дренажа за да се спречи инфекција. Треба да се консултира лекар ако има какви било проблеми.
Намалување на болката
Познато е дека мајчиното млеко има својства за ублажување на болката. Кога бебињата минуваат низ болни процедури, како што е вакцинацијата, пиењето мајчино млеко може да помогне да се ублажи дел од болката што ја чувствуваат.
Повреди
Исекотини, гребнатинки и убоди се нешта со кои се среќаваат бебињата во првата година од животот. Кога ќе почнат да учат да одат и да истражуваат на отворено, може да настанат повреди. Овие повреди може да се смират со мајчиното млеко. Како и погоре, пиењето мајчино млеко може да биде смирувачко за бебињата, но примената на мајчиното млеко директно на површни рани, исто така, може да ја ублажи болката или непријатноста. Примената на мајчиното млеко исто така може да спречи заразување или воспаление на раната.
Изгореници од сонце
Заштитата од сонце е особено важна, и кај децата и кај возрасните. Сончевите ултравиолетови зраци се моќни и можат да предизвикаат сериозни изгореници. Додека превенцијата е подобра од лекувањето, понекогаш сонцето е помоќно отколку што изгледа и може да се појават изгореници. Ако изгорениците се локализирани, мајчиното млеко може да се нанесе со памучна вата. Мајчиното млеко може да ја ублажи болката од изгореници и да го промовира заздравувањето. Ако изгорениците се на голема површина на кожата, бањата со мајчино млеко исто така може да помогне во ублажување на болката.
Бања со мајчино млеко
Бањата со мајчино млеко е токму онака како што звучи – мајчиното млеко во кадата! Бањите со мајчино млеко имаат многу лековити својства и можат да помогнат при голем број состојби, вклучувајќи егзема, акни кај бебињата, осип на пелените и изгореници од сонце. 150-300 мл. измолзено мајчино млеко може да се разреди во млака вода за капење. Ова може да се повторува 1-2 пати неделно, во зависност од сериозноста на иритацијата на кожата.
Болни/Испукани брадавици
Сега мајки, мајчиното млеко не е само за бебињата! Мајчиното млеко е поврзано со побрзо закрепнување на болните или испуканите брадавици. Едноставно рачно капнаете мала количина млеко на крајот од доењето и втријте во ареолата и брадавицата. Локалната примена на исцеденото мајчино млеко на ареолата може да помогне да се намали болката и да се поттикне заздравувањето.
Мајчиното млеко, сепак, содржи шеќери и со нанесување на мајчиното млеко на габична инфекција, може да ја влошите инфекцијата. Ако вашите брадавици се болни, најдобро е да се консултирате со лекар да бидете сигурни дека немате некаква инфекција пред да нанесете мајчино млеко.
Накит
Доењето е убаво, долго, а понекогаш и тешко патување. Врската што е споделена помеѓу вас и вашето бебе е онаа која ќе трае вечно. Накитот од мајчиното млеко е прекрасен начин да го почитувате и запомните вашето патување со доењето. Процесот вклучува негово загревање, ладење и комбинирање со конзерванси за да се направи супстанца што може да се обликува во камен за ѓердан, нараквица, прстен или обетки (има луѓе кои се специјализирани за ова)!
Мајчино млеко се нарекува течно злато со причина. Се надеваме дека уживавте во учењето за повеќе магични начини на кои може да се користи мајчиното млеко!
*Ве молиме имајте предвид, ова е само општ совет. Ако имате какви било прашања или грижи, ве молиме консултирајте се со вашиот давател на здравствена заштита. Секогаш следете ги упатствата и препораките на земјата во која живеете, за безбедност околу складирањето и испуштањето мајчино млеко.*
Сочувајте ја секоја капка мајчино млеко со нашиот колектор на мајчиното млеко – Бубамарата!





