Која Haakaa Пумпа е Соодветна за Мене?
Доењето е доволно комплицирано без да мора да ги дознаете сите недостатоци и предности на секој производ! Не грижи се, мамо! Подолу ги разложивме деталирњ за нашитете пумпи за да можете сами да одлучите која најмногу ќе ви одговара на вашето патување со доењето.
Овде, во Haakaa, имаме избор на различни пумпи на располагање. Иако тие имаат специфични разлики, постојат и некои клучни сличности меѓу нив:
Го извлекуваат вашето млеко користејќи континуирано природно вшмукување.
Може да се стерилизираат со кој било стерилизатор на пареа или со вриење во вода 2-3 минути.
Погодни за гради од сите облици и големини.
Компатибилени со затворачот за градна пумпа на Haakaa, стоперот за пумпата за гради, ланецот за пумпата за гради и градниците за пумпање и доење без раце.
Не се потребни батерии или кабли – лесно пренослив.
Доволно компактни за да ги ставите во вашата торба.
Може да се чуваат во фрижидер (во согласност со упатствата за складирање на мајчиното млеко во вашата земја).
Без БПА, ПВЦ и фталати.
Haakaa Пумпа – Генерација 2
Нашата оригинална пумпа и дизајнот што предизвика посебна љубов кон доењето кај мајките ширум светот! Тој е едноделен дизајн, така што нема потреба да го составувате или да се грижите за акумулацијата на бактерии во малите ќошиња и пукнатини. Веднаш штом сте подготвени да ја користите само ја зимате и прилагодувате! Оваа уникатно дизајнирана пумпа лесно го измолзува млекото – едноставно стиснете го долниот дел и центрирајте ја брадавицата на средината на отворот на горниот дел. Потоа, нежно притиснете на градите и пуштете ја пумпата за да го искористите тоа природно вшмукување! Дали ви треба посилно вшмукување? Преклопете го горниот дел пред да го центрирате на брадавицата и цело време стискајте го долниот дел. Кога ке позиционирате централно, вратет го горниот дел на градата и пуштете ја пумпата.
Пумпата има самолепливо дно за кога ќе ја ставите на маса после измолзување не се преврти случајно. Достапна во две големини – 100мл или 150мл.
Бубамара собирач на млеко
Мораме да нагласиме дека нашата Бубамара не е пумпа за гради, туку е совршена алтернатива за влошка за гради! Зошто да го изгубите вашето скапоцено мајчино млеко во влошката за гради кога наместо тоа можете да го соберете млекото за подоцнежна употреба?! Иако оваа неверојатно мала Бубамара работи на истиот природен принцип на вшмукување како и нашата пумпа, неговото вшмукување е многу лесно и нежно и е само за да помогне да го држите производот на место во вашиот градник. Нема да вади дополнително млеко, па затоа е идеален за мајки на кои им протекува мајчино млеко и сакаат да го зачуваат без да го зголемат снабдувањето. Достапен е во три големини – 40мл, 75мл и 150мл. Дизајниран за удобно да го ставите во градникот додека работите, играте или се релаксирате и со стопалки на дното за да стои исправено, Бубамарата може да ви помогне да го зачувате вашето млеко без никаков дополнителен напор! Тоа е исто толку едноставно за користење како и нашите пумпи:
- Со затворен отвор, центрирајте го глевниот отвор на Бубамарата над вашата брадавица.
- Притиснете на градите и отпуштете за да создадете нежно вшмукување и да започнете да собирате вишок млеко.
- Носете ја вашата бубамара од другата страна додека доите за да соберете млеко или носете по една на секоја дојка за да соберете се што истекува во текот на денот.
- Отворете го горниот отвор и истурете го собраното млеко во соодветен сад за чување млеко.





