Пумпа, Бубамара или Школка – Која е за мене?
Па, кои се разликите помеѓу трите и која треба да ја користите? Ајде да ги разгледаме предностите на секој од овие производи за да можете да донесете поинформирана одлука која е најдобра за вас!
Оригиналната Пумпа Haakaa
Оригиналната пумпа Haakaa е веројатно онаа со која најмногу сте запознаени. Компактна и лесна за употреба, силиконската сумпа е рачна пумпа за измолзување направена од флексибилен, лесен силикон.
Ако доите истовремено, Haakaa-та се користи на градата на која не доите за да го соберете млекото што протекува, но можете да го користите како најдобро функционира за вас.
Бидејќи е направена од едноделен силикон за храна, исклучително лесна е за одржување – сè што ви треба е топла вода со сапуница и четка со меки влакна за да ја измиете. За стерилизирање, зовријте ја во вода 2-3 минути или користете стерилизатор на пареа!
Главната разлика е тоа што нема доволно силен вакуум за измолзување; туку е алтернатива на влошките за гради.
Па зошто би користеле Бубамара наместо влошки за гради? Прво и најважно, користењето на Бубамарата за да го соберете вишокот млеко значи дека можете да го користите за подоцна употреба наместо да го фрлате во искористена влошка за гради.
Ако ја празните редовно (во рок од два часа), можете да го складирате млекото во фрижидер за подоцна употреба, или ако сте го оставиле малку подолго, можете да го користите на други начини, како што е додавање во водата за капење на вашето малечко. Погледнете го нашиот претходен блог за различни начини за користење на мајчиното млеко – корисно е за повеќе од само хранење ако собирате повеќе млеко отколку што ви е потребно.
Сепак, вреди уште еднаш да се нагласи дека Бубамарата не е пумпа. Нема активно да го извлекува млекото, а вакуумот е минимален – доволно само за да ја држи прицврстено на градите. Ако треба да измолзувате млеко, пумпата ќе биде посоодветна опција за вас.
Силиконска Школка – Сет од 2
Пумпа за гради, колектор на млеко – зошто да не и двете? Ве запознаваме со Силиконската Школка, пригоден спој на нашата силиконска пумпа за гради и колектор на млеко Бубамара!
Овој убав мал уред делува како пумпа за во движење, што го прави идеален за оние денови кога треба да се измолзете, но имате и други обврски да завршите. Едноставно стиснете ја и нанесете ја на градата, облечете го градникот и продолжете со денот! Јачината на вшмукувањето можете да ја регулирате со брзо прилагодување на вентилот. Од друга страна, ако само сакате да го соберете вишокот млеко кое ви тече, извадете го приклучокот за да нема вакуум, ставете ја школката на градникот и пасивно собирајте го млекото.
Школката лежи рамно на површина кога е време да се испразни, спречувајќи излевање на млеко, а отворот за истурање ви овозможува да го пренесете вашето скапоцено течно злато во шише или кесе за чување без никаков неред. Лесна за користење, лесна за чистење, Haakaa Школката е совршена опција за мајки на кои им треба и пумпа и колектор.
- Сетот Школки 75мл доаѓа со Торбичка за Стерилизација 750мл
- Сетот Школки 120мл доаѓа со Торбичка за Складирање
Силиконска Школка
Пумпа за гради, колектор на млеко – зошто да не и двете? Ве запознаваме со Силиконската Школка, пригоден спој на нашата силиконска пумпа за гради и колектор на млеко Бубамара!
Овој убав мал уред делува како пумпа за во движење, што го прави идеален за оние денови кога треба да се измолзете, но имате и други обврски да завршите. Едноставно стиснете ја и нанесете ја на градата, облечете го градникот и продолжете со денот! Јачината на вшмукувањето можете да ја регулирате со брзо прилагодување на вентилот. Од друга страна, ако само сакате да го соберете вишокот млеко кое ви тече, извадете го приклучокот за да нема вакуум, ставете ја школката на градникот и пасивно собирајте го млекото.
Школката лежи рамно на површина кога е време да се испразни, спречувајќи излевање на млеко, а отворот за истурање ви овозможува да го пренесете вашето скапоцено течно злато во шише или кесе за чување без никаков неред. Лесна за користење, лесна за чистење, Haakaa Школката е совршена опција за мајки на кои им треба и пумпа и колектор.
Тоа зависи од вашите специфични потреби. Бубамарата е совршена опција ако немате планови да се измолзувате, но сакате да го соберете истеченото млеко наместо да го фрлите во отпад со влошки за гради.
Ако сакате да измолзите поголема количина, но немате многу или воопшто немате истекување (а многу мајки немаат), тогаш пумпата веројатно најдобрата за вас. Сепак, Школката може да биде одличен избор ако ви требаат двете во едно или не можете баш да одлучите која ќе биде најкорисна. Школката може да биде и фантастична ако сакате да ги пробате двете, но потоа откриете дека ви треба само една – можете или да продолжите да ја користите онака како што ви треба или да преминете на поспецијализирана опција како Пумпа или Бубамара.








