🚚 БЕСПЛАТНА ДОСТАВА ЗА НАРАЧКИ НАД 1500 мкд

Силиконска Пумпа 100мл

1.230 ден

Краток опис:

Силиконската пумпа за гради Haakaa е нешто што секоја мајка која дои треба да го има!

Достапна во две големини –  100/150мл. и со лепливо дно кое се лепи на рамни површини за да спречи случајно излевање. Haakaa пумпата е најлесниот и наједноставниот начин за измолзување мајчино млеко.

Направена од 100% прехранбен силикон, оваа компактна пумпа е совршена за долги патувања, за во авион, возење со автомобил, семејни излети или каде било каде што сакате да се измолзете дискретно, тивко и брзо. Едноставно прицврстете ја на градата и оставете ја пумпата да си ја заврши работата, односно измолзи, користејќи природна сукција. Таа е 100% еколошка и безбедна за мајката, бебето и нашата околина.

Опис
  • Измолзете мајчино млеко користејќи ја моќта на природна сукција!
  • Направена од мек и безбеден 100% прехранбен силикон.
  • Компактна големина, совршено се вклопува во бебешка торба.
  • Едноделен дизајн, спречува таложење на бактерии.
  • Лепливото дно на пумпата го спречува случајното излевање.
  • Достапно во големина од 100/150 мл.
  • Не се потребни кабли, батерии или струја.
  • Лесно за употреба и чистење.
  • Безбедно да се стерилизира.
  • Безбедно да се мие во машина за садови.
  • Без БПА, ПВЦ и фталати.

Како да ја користите Haakaa пумпата за гради:

  1. Стерилизирајте ја пумпата со тоа што ќе ја ставите во вриечка вода 2-3 минути.
  2. Ставете го отворот на пумпата на вашата брадавица – проверете дали вашата брадавица е удобно центрирана во вратот на пумпата.
  3. Започнете со сукција – можеби ќе треба да ја прилагодите положбата на вашата пумпа неколку пати. Откако пумпата е сигурно и удобно наместена, започнете со сукција со стискање на основата на пумпата за да започне протокот на млеко.
  4. Штом млекото ќе почне да тече, едноставно оставете ја пумпата сама да го направи своето!
  5. Кога пумпата е полна, испразнете ја во сад за скаладирање мајчино млеко.
  6. Ако протокот на млеко се забави или сте ја постигнале потребната количина, едноставно залепете ја пумпата на рамна површина додека довршите со хранењето.

Совети: За побрз или поголем проток на млеко ставете топла облога врз градите и нежно масирајте. Додека вашето дете дои, прикачете ја Haakaa пумпата на другата дојка за да го соберете млекото кое инаку би било “потрошено” во влошка за гради.

Чистете по секоја употреба. Препорачуваме чистење и стерилизирање на вашата Haakaa пумпа со кој било стерилизатор на пареа или со вриење во вода 2-3 минути. Не користете никакви средства засновани на белило или таблети за стерилизирање за чистење на овој производ. Не користете UV стерилизатори со овој производ бидејќи тоа може да влијае на животниот век на вашата пумпа.

Редовно проверувајте ја состојбата на производот. Заменете го производот ако покажува знаци на оштетување. Не чувајте во близина на остри предмети. За чистење на овој производ треба да се користат само четки со меки влакна или мек сунѓер бидејќи тврдите бришачи може да ја изгребат површината. Изложеноста на детергенти може да направи силиконот во овој производ да изгледа заматено. Овој производ не е играчка. Не користете го овој производ за ништо друго освен за наменетата употреба. Чувајте го производот на ладно и суво место и избегнувајте директна сончева светлина. Потребен е надзор од возрасни.

Ве молиме запомнете: Секогаш консултирајте се со медицинско лице во врска со исхрана ако вие или вашето дете сте болни или зимате лекови. Резултатите може да варираат бидејќи секоја жена и колку млеко има е уникатно.

Упатствата на здравствените организации треба да се следат во секое време во однос на измолзувањето и безбедно складирање на млекото. Препорачуваме да ги следите упатствата на Вашите локални организации за безбедно складирање на мајчиното млекo.

Прегледи (0)

Оценки

There are no reviews yet.

Be the first to review “Силиконска Пумпа 100мл”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll To Top
Close
Close

Кошничка

Close

Кошничката е празна

Продолжи со купување

Силиконска Пумпа 100мл
(0)